Еве што прави Северина додека Игор Којиќ и Милан Поповиќ го поминуваат времето заедно (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Додека нејзините поранешни го поминуваат времето заедно, пејачката Северина одлучи да отпатува за Италија.

Милан Поповиќ и Игор Којиќ ги изненадија сите со заеднички објави на Инстаграм.

Додека нејзините поранешни уживаат на море, и покрај тоа што со години беа во лоши односи, Северина се упати кон Италија.

Помирувањето на двајцата го потврди Игор со слика на која се гушкаат, а во описот објасни колку му значи што роденденот го слави во друштво на синот на Милан и Северина.

„Му благодарам на Милан што ми приреди изненадување и го донесе Александар на мојот роденден, тој ден беше посебен за мене. Александар е прекрасно дете кое многу го сакам и со кое поминав убави години, некои врски се едноставно нераскинливи. Сите кои му се семејството на Александар се и мое и секој што е мое семејство е исто така и на Александар. Така е сега, така ќе биде и секогаш. На здравје“, напиша Којиќ под сликата што ја направи синот на Северина.

Северина објави неколку фотографии од италијанскиот град Алберобело, каде моментално е во посета. Судејќи по сликите, пејачката ужива на одмор и ненадејното собирање на поранешните не влијаело на нејзиното расположение.

Меѓу првите кои ѝ дадоа поддршка беше нејзината колешка Наташа Беквалац, која ѝ остави многу срца во коментарите под сликата.

Да потсетиме, Игор и Милан прво се заследија на Инстаграм, а потоа Поповиќ објави фотографија од табла на пат на која пишува „Поповиќ – Којиќ“ и остави ист опис на сликата како и Игор „Winter is coming“.

Слични содржини