Еве што се случува во вашето тело ако пиете кафе со млеко и шеќер

од Milan1
2,4K прегледи

На многу денот не им започнува без шолја кафе. Има и такви кои сакаат горчливо кафе, но повеќето сакаат да го засладуваат, па дури и да додаваат млеко. Експертите тврдат дека треба да се приклониме кон оние кои пијат горко кафе. Според истражувањата, млекото не треба да го ставате во кафето, бидејќи кога се меша со големи количини на кофеин, се зголемува излачувањето на калциум во урината, а голема количина се таложи  и во цревата.

Казеинот, кој се наоѓа во млекото, кога ќе дојде во контакт со кофеинот, коагулира и создава гасови кои предизвикуваат стомачни болки и абдоминални тегоби. Освен тоа, нутриционистите велат дека млекото во кафето го блокира метаболизмот и е главната причина поради која некој не може да ослабе.

Истото важи и за кафињата богати со слоеви крем и сируп, тие содржат астрономски количини на калории. На пример, ваквото кафе во мала шолја може да има 300 калории, односно празни калории кои немаат нутритивна вредност, па на тој начин имаат повеќе штета отколку корист.

Но дури и ако го избегнувате овој вид кафе, ако пиете обично кафе и ако во него ставите една до две лажички шеќер,  тоа не само што создава голем број здравствени проблеми, како што е дијабетесот, туку и го менува оригиналниот вкус на кафето, што секако е занемарливо во споредба со здравствените проблеми што можете да ги донесете.

Слични содржини