Еве што точно се случува со телото за време на топлотен бран, 5 знаци кои не треба да ги игнорирате

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Европа е на работ на топлотен бран. Во Шпанија и Италија се измерени рекордни температури. Екстремните временски услови предизвикаа смрт на 44-годишен маж кој колабирал додека фотографирал зебра во Милано на 40 степени Целзиусови.

Малкумина разбираат како топлината влијае на телото. Едноставно кажано, човечкото тело тешко поднесува температури над 40 Целзиусови степени. Според британската Национална здравствена служба, нашите тела се трудат да одржуваат внатрешна температура од околу 37 степени Целзиусови, без разлика дали сме на снег или на топлина. Меѓутоа, кога надворешните температури го надминуваат тоа идеално ниво, на телото може да му стане тешко да го запре зголемувањето на внатрешната температура.

Д-р. Азмаин Чолдхури на TikTok објасни точно како телото се обидува да се олади и што се случува кога тоа нема да успее.

„Кога телото станува потопло, хипоталамусот му кажува како да реагира. Им порачува на крвните садови да се отворат за да ја испуштат топлината. Но, како што опаѓа крвниот притисок, срцето е принудено да работи понапорно за да пумпа крв низ телото. Ова може да доведе до вртоглавица, несвестица или паѓање ако падот на крвниот притисок предизвикан од топлина се случи премногу брзо“, рече тој.

Друг начин на кој телото се лади е преку потење.

„Но, прекумерното потење доведува до губење течности и сол, менувајќи ја деликатната рамнотежа во телото што може да ги оштети бубрезите“, додаде тој.

И ако двете од овие функции не успеат, може да дојде до смртоносен топлотен удар. Состојбата може да влијае на секого, но оние над 75 години, бебињата и луѓето со долготрајни и сериозни болести се изложени на најголем ризик.

Овие екстремни симптоми се знак за загриженост:

конфузија
губење на свеста
напад
температура над 40 степени Целзиусови
брзо или неправилно дишење.

Ако почувствувате некој од горенаведените симптоми или ги забележите кај луѓето околу вас, веднаш повикајте брза помош. Ако не се лекува, топлотниот удар може брзо да ги оштети мозокот, срцето, бубрезите и мускулите, што доведува до смрт.

Слични содржини