Еве зошто Франција е “Франција”- нема “приватна” печалба и неетичност за функционерите, а камо ли тендер

од desk3
96 прегледи

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус го суспендираше почесниот конзул во Турција, која е сопственичка на продавница за морски прибор и продавала чамци на бегалци, пренесе Франс прес.

zx450y250_2608627

“Министерот нареди да биде отстранета од позицијата”, изјави во саботата портпаролот на француското МНР Ромен Надал.

Тој го изјави ова како одговор на барање за репортажа на телевизија Франс 2, во кој е прикажана сопственичката на продавницата во Бодрум. Во продавницата има француско знаме и плакета, кој тврди дека во продавницата е сместена “конзуларната служба на Франција”.

“Франсоаз Олџај беше известена за отстранување од позицијата од генералниот конзул на Франција во Истанбул”, додаде Надал.

Франсоаз Олджај била почесен конзул на Франција од октомври 2014 година

Во репортажата на Франс 2, кој е снимен со скриена камера, таа признава дека продава гумени чамци и спасувачки елеци на мигранти и бегалци, кои се обидуваат до достигнат некој грчки остров со опасност за својот живот. Олджај исто така признава дека со овие дејствија учествува во транспортот и уверува дека и локалните турски власти учествуваат во него. На прашањето зошто не престанува со овие продажби, таа вели дека ако таа престане, други ќе го го прават тоа на нејзино место.

Од одморалиштето Бодрум илјадници бегалци заминуваат во насока кон грчките острови. Токму крај овој град се удави со други свои роднини 3-годишниот Ајлан Курди, чија слика на плажата го ужаси целиот свет, забележува АФП.

“Ако тврдењата бидат докажани, почесниот конзул може да биде отпуштен со дозвола на министерот по предлог на амбасадорот”, прецизира портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.

Почесните конзули во принцип работи на доброволна основа. Тие се чиновници со посебен статус, кој им овозможува да вршат платена професионална активност. Нивната главна задача е да одржуваат тесен контакт со сонародниците. Тие имаат ограничени овластувања за заштита и помагање поради познавањето на регионот и нивните врски со локалните власти, забележува Франс прес.