Иако времињата се менуваат, припадниците на посилниот пол сепак се уште ја имаат титулата за “најзаинтересирани” за ова искушение. Во продолжение прочитајте неколку причини поради кои што мажите едноставно не можат да им одолеат на порнографските филмови.

porn-650x433

Досада

Колку и да звучи неверојатно, по неколку спроведени истражувања било заклучено дека мажите најчесто гледаат порно филмови поради досадата. Имено, нештата многу брзо им се досадуваат на мажите, па токму затоа порно филмовите се вистинската забава.

Мастурбација

Кога станува збор за мастурбацијата, нема потреба од дополнителни коментари. Едноставно, порнографските филмови и мастурбацијата одат едни покрај други, па така, втората најчеста причина поради која мажите гледаат порнографски филмови е токму тоа, мастурбацијата.

Никој друг не им бил достапен

Чекањето и сексот, кога станува збор за мажите, едноставно не одат заедно. Тие се како жар кое што сосема малку треба да се потпали, па ако нивната партнерка или сопруга не е во близина, “утехата” ја пронаоѓаат во порно филмовите.

download (48)

Теретаната е затворена

За голем број на мажи, вежбањето е лекот за стресот. Но, доколку не се во можност да отидат до теретаната, тие мораат да пронајдат некој начин на кој што ќе се забавуваат и ќе се опуштат, па најчесто седнуваат пред компјутерот и пронаоѓаат “соодветен материјал” со кој што ќе заборават на изминатиот напорен ден.

Учење нови пози

Колку и да не им одговара тоа на партнерките, порнографските филмови се и поучни, па така, голем број на мажи можат да научат многу нови нешта со кои што ќе ги изненадат своите сакани во креветот. Некои мажи ја доживуваат порнографијата како училиште, а порно ѕвездите како свои професори, па затоа, мажите многу често гледаат порничи само за да го прошират своето знаење.

Слични содржини