Идниот британски крал, малиот принц Џорџ и неговата сестра принцезата Шарлот одат во училиштето Thomas’s Batters во Лондон. Иако малиот Џорџ е трет, а неговата сестра четврта во редот за британскиот престол, во училиштето се однесуваат како и сите деца и по правила нема разлика меѓу нив и останатите деца.
Иако останатите деца биле возбудени што одат во исто училиште во принцот и принцезата, сега сите заедно се дружат и другаруваат.
Но, принцот и принцезата, како и останатите деца, не им е дозволено да имаат најдобри пријатели.
„Училиштето е фокусирано децата да научат љубезност и навистина се добри во тоа. Доколку на роденден не се повикани сите деца од оделениетно, не е дозволено воопшто да се делат покани. Ниту едно дете не смее да се чувствува исклучено“, велат од училиштето.
„Личниот, социјалниот и емоционалниот развој, комуникација и јазик, телесно развивање, писменост, математика, разбирање на светот и уметноста и дизајн се работи кои децата ги учат и на кои се фокусирани“, додале.