Еверест се помести за 3 см по земјотресот во Непал

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Највисокиот врв во светот, Монт Еверест, се помести за 3 сантиметри на југозапад поради катастрофалниот земјотрес во Непал во април._sp-zemlji-mount-everest

Земјотресот со интензитет од 7,8 го запре  постепеното поместување на врвот на североисток, соопштија од Националната Управа за мапирање и геоинформација на Кина. За последните десет години Еверест се пресели со 40 см на североисток со брзина од 4 см годишно, наведува службата. За истиот период висината на врвот се зголемила за три сантиметри.

Земјотресот предизвика лавина, убивајќи 18 луѓе и оставајќи го базниот камп во урнатини. Ова ги натера властите во Кина и Непал да ги укинат сите искачувања за оваа година. Планината ја преминува границата меѓу двете земји.

Два земјотреси на 25 април и 12 мај убија повеќе од 8700 луѓе во Непал, предизвикаа лизгање на земјиштето и уништија половина милион домови, оставајќи илјадници без засолниште само неколку недели пред монсунските дождови.