Монт Еверест се ссжмали по силниот земјотрес во Непал на 25 април, пишува “Хафингтон пост”, повикувајќи се нанаучен конзорциум.
Заклучоците на научниците се базираат на податоци одевропскиот сателит “Сантинел-1” , кој помина над Џомолунгма на 29 април. Според геофизиците по најсилната природна катаклизма од 80 години висината на покривот на светот е намалена за 2,54 см .
Земјотресот е последица од поместување на тектонските плочи на Индија и Евроазија . Од друга страна планинскиот масив Анапурна, кој исто се наоѓа во Хималаите, стана повисок од 20 см во резултат на земјотресот.
Научниците ја објаснуваат промената на релјефот со слабеењето на тензиите на Земјината кора по подземните потреси.
Разурнувачкиот земјотрес со магнитуда од 7.9 го потресе Непал утрото на 25 април . Епицентарот на потресот беше на 15 километри длабочина и на 82 километри северозападно од главниот град Катманду. Според последните податоци на властите жртвите од земјотресот и разурнувањата се повеќе од 7 000 , а повредените се над 15 илјади.
Земјотресот предизвика и силна лавина од Еверест , што го зафати базниот камп. На првиот ден стана јасно дека таму загинале голем број туристи, главно странци. Освен тоа спасувачите пронајдоа нови 50 тела, во стапица од лавина. Нивниот идентитет е непознат, но се претпоставува дека се исто така претежно туристи.