ЕВН е австриски лидер на GreenTech во С. Македонија

од Vladimir Zorba
331 прегледи

По повод конференцијата на ОН за климатски промени која ќе се одржи во Глазгов, ADVANTAGE AUSTRIA би сакала да ја истакне Австрија како лидер на GreenTech. Австриските компании се активни ширум светот во изнаоѓање на одржливи и прифатливи технологии за климата. Бидејќи Северна Македонија се стреми кон декарбонизација на енергетскиот сектор, би сакале да ги претставиме инвестициите во обновливите извори на енергија од страна на ЕВН Македонија.

ЕВН Македонија е компанија за дистрибуција на електрична енергија во Северна Македонија кое снабдува повеќе од 700.000 домаќинства и половина од деловните корисници. Покрај тоа, ЕВН произведува и електрична енергија целосно од обновливи извори со 11 хидроцентрали и 3 соларни централи. Првата од овие фотоволтаични централи стапи во употреба пред една година и е со инсталирана моќност од 1,5 MW и годишното производство е 2 GWh, што е еквивалент на годишната потрошувачка на околу 300 домаќинства. Како проект, тој е уникатен од технолошки аспект, бидејќи ЕВН за прв пат воведе употреба на двострани панели во Северна Македонија. Резултатот е поголема ефикасност во износ од 10-20% поголемо производство на енергија.

Слични содржини