ЕВН Хоум: Од ЕСМ ќе ја купиме целата струја за првите 6 месеци

од Vladimir Zorba
289 прегледи

ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот Јануари-Јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ, информираат од компанијата.

„АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас.

АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година. Добиената купопродажна цена е за 13,6 % повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот Јули-Декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач.“ – велат од ЕВН Хоум

Сепак 100% од потребите за потрошувачката на граѓаните ќе му биде покриена на ЕВН Хоум и нема да мора да набавува струја на отворен пазар каде во моментов цената е неколку пати повисока.

Слични содржини