ЕВН Македонија ќе донира хранливи пакети и новогодишни пакетчиња за ранливите категории

368 прегледи

Обезбедени се 300 пакети со хранливи производи наменети за социјално ранливите категории на граѓани и 650 новогодишни пакетчиња за децата кои имаат семејство во социјален ризик, како и децата со попреченост, информираа денес од ЕВН Македонија.

Од компанијата информираат дека пакетите за деца беа донирани до Црвениот крст, додека пакетите со храна ЕВН ги донираше до Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Преку хуманитарните организации, „Свети Спас“, „Каритас“, „Хилал“„ и Црвениот крст тие ќе бидат распоредени низ целата држава.

„Годинава поради ситуацијата со корона вирусот, нема да се подготват празнични јадења во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле“ на Македонската православна црква во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Наместо тоа, ќе се достават пакетчиња со храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите. Хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ и на Католичката црква „Каритас“, исто така ќе ги распределат пакетите со прехранбените продукти до ранливите семејства“, велат од ЕВН.

Од таму додаваат дека црвениот крст ќе ги достави 650. новогодишни пакетчиња до деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од сите градови во земјава.

Слични содржини