Евреинот Нетанјаху се обидува да разединува и тоа на американско тло

од desk3
106 прегледи

Нетанјаху провоцира, а неговиот однос со претседателот Обама се влошиува. Ова сепак штета и за безбедноста на Израел, за која Нетанјаху тврди дека е толку загрижен, пишува Клаус-Дитер Франкенбергер во ФАЦ.

0,,18291779_303,00
Нема никаква осуда во тоа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смета за свој долг да ја брани безбедноста на својата земја. Тоа е сосема природно, особено во контекст на иранската атомска програма. Негово право е и да изрекува предупредувања дека резултатот од сегашните преговори со Иран може да ја загрози безбедноста на Израел.

Прашањето е друго – дали начинот на кој го прави тоа, а и режијата на неговата последна изјава во Вашингтон е всушност разумна. Очигледно беше дека неговиот говор пред двата дома на американскиот Конгрес имаше за цел да добива поени пред израелската јавност, бидејќи не е изненадување дека по две недели во Израел се одржуваат избори. Освен тоа Нетанјаху сакаше да го мобилизира отпорот на американскиот Конгрес против склучувањето на договор со Иран. А ова е иницијатива на Барак Обама.

Американскиот претседател сака да ја замрзне иранската атомска програма за 10 години и да ја остави во фаза, кој да не им дозволи на Иранците да ја продолжат за помалку од една година. Иран го смета тоа, за премногу, а Израел – за недоволно.

Нетанјаху сакаше да вбие клин меѓу Американците и републиканци

Позицијата на Нетанјаху го зближува со републиканците кои му организираа срдечен прием – во Конгресот тие го пречекаа како херој. Објаснувањето е едноставно: на републиканците не им се допаѓаат ниту Новиот договор со Иран, ниту претседателот Обама. Но исто така и меѓу демократите има скептични. А тоа дека многу од демократите дп следа настапот на шефот на израелскиот премиер, јасно ја покажува исклучителната природа на неговата посета во Вашингтон, која несомнено ја следи целта да вбие клин меѓу републиканците и демократите. Токму овој факт предизвика незадоволството на Обама, кој зборуваше премногу грубо на адреса на Нетанјаху.

Односите меѓу американскиот претседател и израелски премиер кој се бореи за нов мандат се разнишани. Тоа нема како да се прикрие. За Израел и неговата безбедност овој факт не ветува ништо добро. Обама е таков каков што е, и е многу веројатно дека Нетанјаху ќе успее да го стави под притисок со помош на Конгресот. Слични сметки се однапред осудени на пропаст. Прашањето е како ќе се одрази овој јаз меѓу двајцата на израелско-американските односи. Кај сите политички состојби Обама нема да се стави во служба на предизборната кампања на Нетанјаху.

Клаус-Дитер Франкенбергер (Frankfurter Allgemeine Zeitung)