Евро-бирократијата ја боли глава и од Британија, секакви изненадувања се можни на 7 мај

од desk3
102 прегледи

Ако на парламентарните избори во Велика Британија во мај конзервативците или лабуристите не добијат стабилно мнозинство, ништо добро не ја очекува земјата. А вина за тоа ќе ја има исто така и застарениот изборен систем.

0,,16099633_303,00

Ситуацијата е комплицирана, признава професорот Вернон Богданор од кембриџискиот “Кинг колеџ”. И бидејќи тој не е само Британец, но и прагматичар, додава самоуверено дека Велика Британија не може поради тоа да се сруши.

“Нека потсетува дека нашата земја не е толку нестабилна, како некои други во Европа, освен Германија и скандинавските земји. Ние немаме крајнолевичарски партии како “Сириза” или “Подемос” ниту екстремно десничарски како исламофобскиот “Национален фронт” во Франција, а и нашата економија е релативно стабилна “, наведува професорот. Тој потсетува дека за прв пат во Велика Британија има пет партии кои добиваат над пет проценти од гласовите на избирачите: конзервативците, лабуристите, либералдемократите, “Партијата за независност на Обединетото Кралство” (УКИП) и Зелените. Во Шкотска и Велс имаат дури шест такви партии, додава Богданор.

Крај на двопартискиот модел?

Затоа двете најголеми партии – ториевците и лабуристите – не можат да се потпрат на апсолутно мнозинство, а и предвидувањата за исходот од гласањето остануваат тешки. Со помош на математички модели и научни статистики, четворица политиколози даваат сосема различни предвидувања, вели Богданор: двајца од нив ги гледаат лабуристите како победници, другите двајца сметаат дека најмногу места ќе добијат ториевците. “Претпазлива прогноза, која може да се направи врз основа на нивните мислења, е дека ова се избори со непредвидлив исход и дека дури и најпознатите претпазливи предвидувања се исто така неизвесни”, коментира професорот.

Деснопопулисиката УКИП добива приврзаници на сметка на владејачката коалиција Конзервативната партија на Дејвид Камерон. Затоа ториевците не можат да се потпрат на апсолутно мнозинство на изборите. Но и владејачките во коалиција со нив либерали губат поддршката, па е сосема нејасно дали ќе можат да им го обезбедат на конзервативците потребното мнозинство во една идна коалициска влада.

0,,15938146_401,00
Социјалдемократите исто така нема да можат да постигнат апсолутно мнозинство. Лидерот Ед Милибанд не без пата национална партија / ШНП /. Во мај таа би можела да стане третата најголема политичка сила во земјата. “Секој глас за ШНП е потенцијален глас за една влада на конзервативците”, настојчиво предупредува Милибанд. Не е исклучена сепак и друга можност – да биде формирана влада на лабуристите, толерирана од сепаратистите на ШНП. Тоа би било вистински кошмар за сегашниот премиер Дејвид Камерон. “Ед Милибанд очигледно не исклучува таква поддршка од страна на ШНП. А би требало, ако му е грижа за земјата. Недозволиво е луѓе кои ја распаѓаат, да земат учество во нејзиното управување “, изјави премиерот Камерон.

Изборниот систем е застарен

Загриженоста во англискиот конзервативен камп е толку голема што поранешниот министер за образование Лорд Бејкер е подготвен да го предвиди невозможното: формирање на голема коалиција по примерот на други земји. Пример Германија ,во вториот мандат Ангела Меркел, поради недостаток на друга можност, влезе во коалиција со социјалдемократите. Само што засега никој во Велика Британија, освен Бејкер, не ја препорачува оваа опција. Реформата на застарениот изборен систем, колку и да е тежок овој потфат, сепак се чини некако повеќе прифатлив.