Евроатлантскиот совет го избра новото раководство: За претседател е реизбран Исмет Рамадани

340 прегледи

На вчерашното Генерално собрание на Евроатлантскиот совет беше избран новиот состав на раководство, а за претседател на истото е реизбран, Исмет Рамадани.

На ова Собрание, за генерален секретар беше избран Илија Џугуманов, додека за извршен директор на Бизнис клубот е избран, Светозар Јаневски.

Поради Ковид пандемијата, Собранието се оддржа онлајн, а на истото беа разгледани извештаите за досегашната работа, статутарните промени и одлуки во насока на идното функционирање на организацијата до 2025 година.

„Овој состанок обедини над 55 членови и поддржувачи. Меѓу останатото, претставуваше одлична платформа за дискусија за актуелните глобални проблеми. Делегатите на ова Собрание донесоа одлуки за продлабочување на соработката со партнерите и развивање на стратегиите на организацијата до 2025 година“, соопшти Евроатлантскиот совет на Македонија.

Слични содржини