Евробаскет 2022: Шпанија ја прегази Бугарија, Нуркиќ и Муса ги совладаа Унгарците

од Nikola Popovski
173 прегледи

Европското првенство во кошарка беше отворено со натпреварот меѓу Шпанија и Бугарија од групата А што се игра во Тбилиси.

Бугарија го отвори натпреварот со серија од пет врзани поени, но тоа како да ја налути „црвената фурија“, па Шпанците од 9:8 за Бугарите отидоа на 20:9, а во првата четвртина имаа и дополнителни 14. поени, 28:14.

Прашањето на победникот го решија во вториот дел кога предноста отиде на 57:35, што беше и конечен резултат на првото полувреме, а во третата четвртина во неколку наврати имаа и 28 поени предност.

На крајот убедливи 114:87 за прва победа во групата А во која се уште Турција, Белгија, Црна Гора и домаќинот Грузија.

Вториот натпревар на денот во рамките на групата Б и припадна на селекцијата на Босна и Херцеговина која по пресврт ја совлада Унгарија со 95:85.

Унгарија имаше предност во текот на целото прво полувреме, но од 56:56 во третиот дел Босна и Херцеговина го презеде водството.

Јусуф Нуркиќ и Џанан Муса постигнаа по 19 поени, а кај Унгарија најдобар беше Силард Бенке со 20 поени.