Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон изјави дека Украина не може да влезе во НАТО додека траат конфликтите во таа земја.
„Украинскиот претседател Володимир Зеленски праша за членство во НАТО, но веќе знаете дека за да се приклучи на Алијансата, една земја не смее да биде во војна. Украина е земја во војна, и затоа е очигледно дека тоа во моментов е невозможно“, рече Бретон.
Тој ја опиша ситуацијата како „политички демарш“ и посочи дека барањето на Зеленски е „симболично“.
Да потсетиме, Зеленски на крајот на минатиот месец го потпиша барањето за членство во НАТО по забрзана постапка. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг засега не одговори на директно прашање дали НАТО ќе го поддржи барањето.