79
Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Миужниекс изјави дека е “потресен од убиството на авганистански мигрант” од бугарски граничари. Во соопштението се наведува дека загинатиот изгледа барал азил и “наместо заштита нашол смрт”.
“Ги повикувам бугарските власти да го истражат целосно и ефикасно инцидентот со воспоставувањето на одговорниот”, дополнува Летонец Нилс Миужниекс.Властите во Бугарија треба да им налагаат на граничарите како да се справат со миграциските текови во согласност со меѓународните стандарди за човекови права и за заштита на бегалците, вели еврокомесарот, цитиран од агенциите.