Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на 6 ноември ќе го посети Косово, при што ќе им се обрати на пратениците во косовскиот Парламент.

хан

Како што јави дописникот на МИА, веста за доаѓањето на Хан во Косово ја соопшти претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели по седницата на парламентарното Претседателството.

– Обраќањето на Хан пред народните избраници е негова лична желба, изјави Весели, информирајќи дека претходно планираната редовна седница на косовскиот Парламент за в понеделик е одложена.

На седницата на Претседателството на Парламентот опозицијата се согласила на седницата што требаше да се одржи в понеделник да биде ставена на дневен ред само Спогодбата за асоциација и стабилизација со ЕУ, но не и договорот за формирање на заедниицата на српските општини.

Во спротивно опозициските претставници се заканиле дека повторно ќе ја блокираат седницата, што најверојатно е и причина за нејзиното одлагање./МИА

Слични содржини