Евролигата одлучи: Фајнл-форот дефинитивно се одржува во Белград

од Milan1
401 прегледи

Последниве денови многу се шпекулираше на оваа тема, а денеска стигна и конечната потврда, завршниот турнир од кошаркарската Евролига во 2022 година, кој требаше да се организира во мај во Берлин, се сели во Белград. Турнирот ќе се игра од 19 до 21 мај во „Арена“.

Ова ќе биде втор пат во последните четири години најдобрите европски клубови да се борат за титулата во главниот град на Србија, откако главниот град на Србија ги воодушеви сите љубители на кошарката во 2018 година со беспрекорната организација на Фајнл-фор турнирот, кој го освои Реал Мадрид.

За потсетување, првичната одлука на раководството на Евролигата да биде домаќин на завршниот турнир оваа година му припадна на Берлин, но бидејќи во Германија се уште се на сила ригорозните мерки поради коронавирусот, нема да може да има навивачи во салата.

Белград, пак, даде цврсти гаранции дека публиката ќе може да присуствува на дуелите во најголемата сала во овој дел од Европа, со валидна потврда за вакцинација.

Слични содржини