Европа има грижи за “благостојбата”, Блискиот Исток за “примарниот инстинкт за опстанок”

од desk3
92 прегледи

Десетте приоритети на Европската унија за оваа година ја покажуваат огромната разлика во однос на приоритетите на Блискиот Исток. Ова го пишува во свој коментар за “Хуриет” Мурат Јеткин.

arapi-660x330

Што гледа ЕУ како најважно за оваа година:

1. Нов поттик за работни места, раст и инвестиции (вклучувајќи положбата на вработените родители).

2. Врските за дигитален единствен пазар.

3. Флексибилни енергетски сојузи со политика ориентирана во однос на климатските промени (за да биде поставен пакет за енергетска унија).

4. Подлабок и фер внатрешен пазар (вклучувајќи пакет за мобилноста на работната сила).

5. Подлабока и фер економска и монетарна унија (завршување на банкарската унија).

6. Разумен и избалансиран договор за слободна трговија со САД.

7. Простор на правдата и основни права (имплементација на Европската програма во областа на безбедноста).

8. Нови имиграциски политики (вклучувајќи пакет за гранично управување).

9. Зајакнување на улогата како глобален играч (да придонесе за глобална стратегија).

Злобни предвидувања за 2016-та! Русија отстапува територија на Кина, САД во тотален финансиски крах, Јапонија погодена од моќна експлозија

10. Сојуз на демократски промени (транспарентност и отчетност на бирократијата во ЕУ).
Во многу земји од Блискиот Исток, безбедноста е речиси единствената точка на дневниот ред. Во некои делови на погодените од граѓанска војна -земји како Сирија, Ирак и Јемен станува збор за повеќе од сигурно – станува збор за примарниот инстинкт за опстанок. Никакво буџетско планирање за следните неколку години, без планови за работа за родители, без поврзан дигитален единствен пазар и без управување со исчезнувањето на границите. Само опстанок. Дури и во другите земји од регионот – од Израел до Иран, од Египет до Саудиска Арабија – безбедноста како целина е главна грижа.

Не е изненадувачки, дека една од главните грижи за ЕУ ​​и еден од неговите десет приоритетот е миграциската политика и управувањето на границите. Никој не може да ги обвинува луѓето за миграцијата и нивните обиди да бегаат од речиси сигурна смрт за членовите на нивните семејства и за самите себе.

Исто така не е изненадување дека овие очајни бегалци од муслиманските земји се обидуваат да стигнат на крајна цел на патувањето -земји од ЕУ , а не Саудиска Арабија или Иран, на пример. Со исклучок на Турција (и, во одреден степен, Јордан) имигрантите се обидуваат да најдат нов дом не во теократски муслимански земји, туку во земјите од ЕУ, не затоа што вторите се населени претежно од христијани, туку затоа што тие се управувани од демократии и владеењето на правото работи подобро таму.

Со таков јаз помеѓу “жешката” агенда на Блискиот Исток и “студената” во ЕУ, линиите на поделба се речиси неизбежни. Ова доаѓа во форма на нова генерација терористи, создадени од Исламската држава во Ирак и Левант (ИДИЛ) како нуспродукт на граѓанската војна во Сирија, проклетството на јазот помеѓу агендата на два соседни света. Затоа јавните прослави за Нова година во Брисел се одржаа под заштита на војници, а во Минхен имаше вонредна состојба на првиот ден на 2016 година, коментира Јеткин.

А приклештена меѓу Европа и Блискиот Исток е Турција.

Турскиот дневен ред е мешавина на два света. Во делови на населените главно од Курди области во близина на сириската, ирачката и иранската граници, основната грижа е безбедноста, која полека се претвора во главна грижа во големите градови на западна Турција. Луѓето не се собираат на јавни места, како што правеа во претходните години, поради стравувањата од можни терористички напади на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) или ИД. Само ден пред новогодишниот празник двајца приврзаници на ИД беа уапсени со експлозиви во Анкара, каде што на 10 октомври минатата година ИД го изврши најкрвавиот снапад во Турција, при што беа убиени 103 лица. Сирискиот конфликт стана основен конфликт со Русија, најголемиот енергетски снабдувач на Турција.

Но Турција треба да го задржи својот економски раст, за да ја храни младата и образована работна сила. Поради тоа треба да најде нови пазари како компензација за оние кои Анкара ги загуби во Блискиот Исток и Русија. Турција треба да го подобри квалитетот на својата демократија не само за да се обезбеди подобар живот на своите граѓани, но и за обезбедување на подобра средина за странските инвеститори, кои исто така се жалат на судството.

Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) – земени заедно тие претставуваат 75% од гласачите – се согласија за потребата од демократски устав. Ова е една од главните точки од политичката агенда на Турција за 2016 година

Агендата на претседателот Ердоган има важна нијанса. Тој исто така сака уставна промена, но за него приоритет е преминот од сегашниот турски парламентарен систем кон претседателски со поголеми овластувања во извршната власт и слаб систем на проверки и рамнотежи, без јасно исцртани линии меѓу законодавната и извршната власт. Барем во првата половина од оваа година оваа дебата ќе поставува политичката агенда во Турција како мост меѓу Блискиот Исток и ЕУ.