Податоците за цените на електричната енергија во земјите од Европската унија, но и во земјите кои се кандидати за прием, покажуваат дека употребата на јаглен за производство на електрична енергија почнува да претставува оптоварувачка ставка за сите оние кои не се во можност во голема мера да се преориентираат на други извори на енергија. Причината за ова е галопирачкииот раст на даноците на емисија на СО2 платени во случаи на добивање енергија од т.н. „Валкани“ извори.
Објавените податоци на Евростат покажуваат дека од 39 земји во кои Европскиот завод за статистика го следи движењето на цените на електричната енергија, дури во 20 од нив во претходниот период има пад на цените. Во уште четири земји, зголемувањето не надмина два процента. На ниво на Унијата, цената на киловатите падна во просек за 1,7 проценти.
Електричната енергија поевтини најмногу за граѓаните на Холандија – со дури 33,8 проценти годишно, Кипар – 24,1 процент и Шведска 19,9 проценти.
Производството на електрична енергија во Шведска се базира главно на обновливи извори и нуклеарна енергија, како и на енергија добиена од согорување на отпад, односно гас произведен од отпад. Холанѓаните имаат слична структура на производство на електрична енергија. Нуклеарната енергија е извор на електрична енергија произведена во нешто повеќе од три проценти од случаите, а ветерната и соларната енергија во околу 14 проценти. Останатиот дел од електричната енергија се произведува главно од гас.
Во претходната година, цената на електричната енергија за домаќинствата во Полска се зголеми најмногу – 14,1 процент. Иако дел од електричната енергија во оваа земја се произведува од ветер и соларна енергија, сепак производството на јаглен е доминантно. Потоа следи Турција, со пораст на цената од 10,6 проценти.