Европа ќе падне пред исламот како Византиската империја

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Европа ризикува да падне како Византиската империја, интеграцијата е невозможна, бидејќи Куранот забранува соживот со други религии. Сето ова го тврди во интервју за италијанскиот весник “Ил Џорнале” писателката од еврејско потекло Бат Је’ор, која живее во Швајцарија.

аја софија

Таа е истражувач на исламот, избркана од Египет во 1957 година. Авторка на многу книги и на терминот “Еврабија” и “диммитјуд” (власт на исламот заради безбедноста и толеранцијата). Зборувајќи за историјата на исламизацијата на Европа, таа тврди дека процесот е започнат од крајот на 60-тите години. “Франција го презеде овој пат, следејќи  ја Германија, макар и да се обидуваше да не привлекува внимание. Целта беше да се склучи сојуз со арапскиот свет, а играта се движеше од оние кои соработуваа со нацизмот и затоа ги мразеа Евреите и Израел “, смета истражувачот. Во одговор на прашањето зошто европските лидери тргнле  по овој пат, Бат Је’ор објасни: “Тие се трудеа да се помират со арапскиот свет по колонизацијата, освен тоа на нив им беше потребна стабилност и безбедност, за да добијат енергетски ресурси. На таков начин политичарите и интелигенцијата покажаа влијание врз европскиот курс, преземајќи  ги условите на  Арапската лига: признавање на Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО), а следствено, легитимитетот на палестинскиот тероризам и џихадот против Израел “.

“Да, интеграцијата пропадна, бидејќи невозможно е да се интегрираат милиони луѓе, продолжува истражувач. Освен тоа мигрантите муслимани сакаа да не штедат  на своите корени и традиции, отфрлајќи ја културата на земјите кои ги засолнаа. Кој сакаше, се интегрираче, но тие се занемарливо малцинство “.

Според интелектуалната интеграција на муслиманите во немуслиманските заедници е невозможна: “Оние кои сакаат да се интегрираат можат да го направат тоа и веќе го сториле тоа, но Куранот дефинитивно го забранува тоа. Во исламот постои непријателство и неприфаќање на другите религии, што го нема во будизмот, христијанството, хиндуизмот, јудаизмот … На Запад институциите и законите се создаваат за човекот, а за муслиман изворот на правото е шариатот, како што е дефинирано од самиот Алах.

Европа одлучи да го поддржи интегратизмот, потпирајќи се така да обезбеди заштита. Затоа ние не им  помогнавме на муслиманските реформатори, правејќи сериозна грешка, може да се каже злосторство “. Според  авторка “шиитите и сунитите секогаш војувале меѓу себе, од дамнини, оваа војна продолжува и до денес. Но освен тоа, постојат и војни помеѓу муслиманските групи за место под сонцето, за власт во регионот. Овие народи никогаш не  создавале нации според  нашето разбирање. Тие сите потекнуваат од племињата во Арабија и Јемен. Дури по Втората светска војна Европа ги  раздели овие региони и создаде вештачки нации, за да го замени религиозното сознание на муслиманскиот свет со секуларна и национална идеологија.

Но, тоа не успеа, бидејќи се спротивни на духот на исламот, кој разликува само два табора: својот и кампот на неверниците. Националноста тука не игра никаква улога “, истакнува Бат Је’ор “Америка и Европа сакаа да го поддржуваат движењето” Муслимански браќа “. Тие сметаа дека ако ги донесат на  власт, ќе можат да ги контролираат и да се избегнат џихадизмот. Обама се надеваче и се потпираше дека ќе  добие нови пријатели, но згреши.

Исламскиот свет цели да се продолжи борбата меѓу Русија и Западот, продолжува понатаму писателката. Постојат документи во кои е рефлектирана оваа идеја: Студената војна беше златната ера во развојот на исламизмот. Западот го поттикнуваат, се оправдаат со борбата против комунистичкиот атеизам, и  се поддржуваа овие религиозните движења во противтежа на СССР.

По падот на Берлинскиот ѕид исламскиот свет придонесува и продолжува да придонесува за поделбата на двата блока “, смета авторката. Таа прави аналогијата со Византиската империја во одговор на прашањето дали Европа ќе ја издржи сегашната миграција и исламски притисок: “Византиската империја беше исламизацијата однадвор и одвнатре. Од една страна, постојаните напади врз христијанските села со грабежи и убиства било сликата за денечниот тероризмот,  а тоа создаде чувство на несигурност и  го принуди Константинопол да плаќа повисок данок на османлиските султани, за да го избегне џихадот. Од друга страна е корумпираността на византиската елита, која придонесува за навлегување на исламизмот во империјата, а исто непријателството меѓу византиските феудалци кои сакаа поддршка од Турците во борбата против своите внатрешни непријатели, а потоа мораше се тоа да им се исплатува “, појасни истражувачот .

Бат Је’ор ги обвинува европските политичари дека знаеле  “што претставува џихадизмот, но не сакале да се борат со него, сакале  по секоја цена да се постигне помирување со исламскиот свет. Токму затоа тие не сакаа да вклучат во европскиот устав еврејски-христијански основи … Ширак велеше дека Европа во еднаква мера е и христијанска, и муслиманска. А токму тоа е знак от на нашиот пад, закана за опстанокот на нашата цивилизација “, предупредува писателката!