Европа не е одговорна за сите зла на овој свет!

од desk3
126 прегледи

Да, Европа треба да стори повеќе за бегалците кои доаѓаат во Средоземното Море. Но, во исто време, да не заборавиме дека Европа не е одговорна за сите зла на овој свет, пишува во својот коментар Клаус-Дитер Франкенбергер.

0,,18394014_303,00

Она што се случува во Средоземното Море, е вистинска трагедија. И европските земји треба да направат сè што е во нивна моќ , за да им помогнат на оние очајни луѓе, кои паднале во крајна беда. Во таа смисла е правилно да се размислува за проширување на спасувачките операции по море, дури тоа практично да го стимулира бизнисот на бескрупулозните шверцерски банди.

Но, тоа е само едно од противречностите кои ја карактеризираат европската дебата за бегалскиот поток и причините за него. Многу од оние кои сега гласно велат дека случувањата во Медитеранот се срам за Европа, досега не се издвојува со апели за усвојување на повеќе бегалци во нивните земји. Од страв од повидлив десен популизам? Можеби.
По опасен пат кон Европа

Штетно е сепак главната вина за трагедиите во Средоземното Море да се припишува на Европејците. Тие ли се виновни за граѓанската војна во Сирија, за диктатурата во Еритреја, за исламскиот екстремизам, за мизеријата и неуспехот на државноста во многу земји околу Медитеранот? Кој мисли така, го искривува на еден многу ефтин начин сето она што е направено Европа.

Да, Европа е должна да стори повеќе за бегалците, но таа не е одговорна за сите зла на овој свет.

Клаус-Дитер Франкенбергер, “Франкфуртер алгемајне цајтунг”

www.faz.net