Европа полека умира: Уделот на Европејците во светската популација ќе падне од 6 на 4 проценти

од Milan1
268 прегледи

Доколку продолжи сегашниот демографски тренд, уделот на Европејците во светот би можел да падне од сегашните шест на четири проценти, изјави потпретседателката на Европската комисија задолжена за демографија Дубравка Шуица.

„Доколку продолжи овој тренд на родени и умрени, Европа ќе претставува само четири отсто од светското население, што е загрижувачко“, изјави за Хина Шуица, која минатиот викенд учествуваше на Конференцијата за иднината на Европа во Европскиот парламент.

Конкретните мерки за демографско обновување, нагласи таа, „се исклучива одговорност на земјите-членки“.

Слични содржини