Последните неколку години беа тешки за Гугл во Европа. Американскиот гигант се најде на мета на критики поради тоа што одбива да плати данок, да ги заштити децата од порнографијата на интернет и да поведе сметка околу приватноста на корисниците. Беа критикувани и разузданиот сексусален живот на шефот на Гугл- Ерик Шмит. Поради овие прични американската компанија се наоѓа пред големи проблеми, пишува Блиц во својата анализа.

Даночните проблеми со кои се соочува Гугл веќе некое време не се врзани само за Британија. И во Франција , Италија и Германија ситуацијата е слична. Особено вниманието на јавноста го привлече договорот меѓу Гугл и британските власти. Се работи за 130 милиони фунти заостанат данок кој ќе мора Гугл да го плати. По овие фрапантни бројки, алармот го вклучија и Французите.
Францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави дека минатата недела Гугл се уште е во преговори околу висината на данкот кој треба да го плати во оваа земја.

-Добро е што во Британија е постигнат договор. Ќе биде подобро кога ќе постигнеме договор и во Франција, а Гугл е плати толку колку што е потребно, изјави Сапен.
Во француските медиуми се врти цифра од околу 500 милиони кои Гугл би можел да ги плати како данок на тамошните власти.
Освен неплатени даноци, Гугл се соочува со недоверба на се поголем број евроспски корисници. Во ваква ситуација се наоѓаат Apple, Facebook и Amazon.Oна што е важно за овие компании е што јавноста најмногу од се се грижи за заштита на податоците на корисниците.
Аналитичарите ги советуваат сопствениците на Гугл да размислат во извршување на споредбените резултати во секоја земја во Европа во која работат доколку сакаат да ја вратат довербата во корисниците.