Европа влегува во нов бран на Ковид 19

од Берта Китинска
305 прегледи

Постои можност да започне нов бран на пандемијата на Ковид 19 во Европа бидејќи бројот на заболени се зголемува во целиот регион, соопштија денеска Светската здравствена организација /СЗО/ и Европскиот центар за превенција и контрола на болести /ECDC.

„Иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид 19 сè уште не е завршена. За жал, гледаме дека бројот на заболени повторно се зголемува во Европа, што укажува на тоа дека започна нов бран“, во заедничката изјава на директорите се наведува СЗО Европа Ханс Клуге и директорот на ECDC Андреа Емон.

Податоците на СЗО од регионот покажуваат дека Европа регистрирала зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во неделата што заврши на 2 октомври за осум проценти во однос на претходната недела.

Експертите од здравствениот сектор предупредуваат дека заморот од вакцинација и конфузијата за достапните вакцини најверојатно влијаеле на приемот на дополнителни дози во регионот.

СЗО и ЕЦДЦ посочуваат дека неколку милиони луѓе во Европа сè уште не се вакцинирани против Ковид 19. Двете организации побараа од европските земји да дадат вакцини против грип и ковид 19 пред очекуваното зголемување на бројот на заболени од сезонски грип.

Слични содржини