Граѓаните на Европската Унија се држат до провереното и патуваат најчесто во сопствената земја и во другите земји од ЕУ, според извештајот на „Евростат“ објавен денес.
Според статистиката, жителите на Европската Унија минатата година оствариле 1,19 милијарди лични и деловни патувања, што претставува раст од 4,4 проценти во споредба со 1,14 милијарди патувања во 2023 година.
Од тој број, 850 милиони патувања (71 процент) биле во нивната сопствена земја, додека 250 милиони (21 процент) биле во други земји од ЕУ – што значи дека 92 проценти од сите патувања на граѓаните биле направени во рамките на Унијата.