Европејците се плашат за своите работни места поради мигрантите

од Vladimir Zorba
86 прегледи

За Европејците мигрантите се закана и за живот.бегал

50% од жителите на Франција, 47% од жителите на Велика Британија и 36% од жителите на СРГ сметаат дека миграцијата води до загуба на работни места меѓу домородното население во овие три земји. Податоците се добиени со анкетата, спроведена од познатата француска истражувачка компанија Ifop и британската компанија Populus по нарачка на новинската агенција и радио “Спутник”.

На прашањето дали се согласувате со тврдењето дека миграцијата води до загуба на работни места меѓу домородните жители на сметка на мигрантите, речиси една четвртина / 24% / од Британците не успеале да одговорат на ова прашање.

Во исто време Французите и Германците покажаа добра свест. Само 5% од Французите и 6% од Германците изјавиле со одговорот “не знам”.

Анкетата во Велика Британија била спроведена од компанијата Populus од 15 до 21 април 2016 година, а во Франција и Германија – од Ifop од 14 до 18 април 2016 година Вкупно во анкетата учествувале 3042 лица – 989 во Германија, 1008 во Франција и 1045 во Велика Британија