Координирана операција предводена од бугарските власти и поддржана од Европол откри криминална мрежа вклучена во нелегална трговија со културни артефакти низ Европа и пошироко, со 35 апсења, соопшти денес европската полициска агенција.
Во операцијата, спроведена на 19 ноември од страна на работна група на Европол, учествуваа полициски и судски власти од Албанија, Франција, Германија, Грција, Италија и Обединетото Кралство, се додава во соопштението.
Операциите беа координирани од центри во Софија и седиштето на агенцијата за кривична правда на Европската Унија, Евроџаст, во Хаг.