Европол со нова операција насочена кон руски криминално стекнати имоти

од Nikola Popovski
311 прегледи

ЕВРОПОЛ денеска објави дека заедно со земјите-членки на ЕУ, како и со Евроџаст и Фронтекс, ја започна операцијата Оскар за поддршка на финансиските истраги на земјите од ЕУ насочени кон криминално стекнатиот имот во сопственост на лица санкционирани во врска со рускиот напад врз Украина.

Како што се наведува, операцијата „Оскар“ ќе ги поддржи и криминалните истраги на земјите членки во врска со заобиколувањето на трговските и економските санкции на ЕУ, а слична е и на операцијата „Сентинел“ која се занимава со измами во врска со ЕУ фондови за закрепнување од коронавирусот.

Се додава дека операцијата, започната од Европскиот центар за финансиски и економски криминал на Европол, ќе трае најмалку една година и ќе опфати серија одвоени истраги.

„Како дел од операцијата Оскар, Европол ќе ја олесни размената на информации и разузнавачки информации меѓу партнерите и ќе обезбеди оперативна поддршка во бројни финансиски истраги насочени кон имот и заобиколување на економските санкции на ЕУ во врска со воената агресија на Русија против Украина“, се наведува во соопштението на Европол.

Слични содржини