Европол: Во голема акција уапсени 13 крадци на луксузни автомобили во ЕУ

од Vladimir Zorba
430 прегледи

Во голема операција на полициите на Франција, Германија, Летонија, Полска, Шпанија и Украина, уапсени се 13 лица одговорни за голема кражба на луксузни автомобили низ Европа, соопшти денеска Европол.

Операцијата „Матадор“ која беше спроведена во координација со Европол, откри дека криминалната група ја сочинуваат повеќе од 50 лица од различни земји, а дека оваа група е одговорна за кражба на најмалку 36 скапи возила.

Акцијата била спроведена на 21 мај, а полициски службеници и истражители упаднале на повеќе од 70 локации, при што биле запленети шест возила, откриени лажни документи и таблички, како и одземени 132.165 евра во готовина.

Слични содржини