Европратеничка: Ако Зеленски се осмели да дојде во мојот парламент, ќе му ги скршам нозете

Зошто велам „мој парламент“? Затоа што романскиот устав вели дека ние, пратениците, сме претставници на романскиот народ и единствените што можат да го претставуваат суверенитетот на романската нација“, рече таа.

од Vladimir Zorba
183 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Романската европратеничка од крајната десница, Дијана Шошоача, за време на посетата на Русија изјави дека го спречила украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати во романскиот парламент во 2023 година.

„Ако се осмели да дојде во мојот парламент, ќе му ги скршам нозете! Не смее да држи говор во мојот парламент. Зошто велам „мој парламент“? Затоа што романскиот устав вели дека ние, пратениците, сме претставници на романскиот народ и единствените што можат да го претставуваат суверенитетот на романската нација“, рече таа.

Романската политичарка ја даде изјавата за време на состанокот на Меѓународното културно здружение „Пријатели на Русија“, со кој претседаваше пропутинскиот активист Пјетро Страмеци. Таа, исто така, присуствуваше на прославата на 20-годишнината од каналот RT, на кој рускиот претседател Владимир Путин одржа говор.

Во Русија, Шошоача ги повтори тврдењата за „угнетување на повеќе од еден милион Романци во Украина“, на кои „им е забрането да зборуваат романски и да практикуваат православие“.

Во своето соопштение за медиумите, таа се пофали дека „младите луѓе многу ја ценеле нејзината националистичка порака“ и дека „добила аплауз“ од присутните.