Европратеник кон Орбан: Вие сте најкорумпираниот политичар во Европа

од Nikola Popovski
675 прегледи

Европратеникот од партијата на Зелените, Даниел Фројнд во неговиот говор во Европскиот парламент го критикуваше унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Фројнд рече дека Орбан е најкорумпираниот политичар во Европа и дека тој треба да ги врати европските пари назад.

Дополнително, од Европската народна партија на социјалните мрежи објавија графика во која повикуваат унгарскиот премиер и претседател на партијата Фидеш да си оди.

„Време е да ја вратиме Унгарија поблиску до Европа и да ѝ дадеме шанса да се опорави од лошто лидерство“ се вели во објавата на ЕПП на социјалните мрежи.

Тие порачуваат дека време е Виктор Орбан да си оди.

Партијата на Орбан, Фидеш беше дел од групата на Европски народни партии до март оваа година, кога тој се повлече од групата, пред сестринските партии да гласат за нивно исклучување. ЕПП имаа замерки за назадувањето на демократијата и владеењето на правото во Унгарија.

Слични содржини