Европратениците бараат целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас, соопшти денеска ЕП.
Во резолуцијата усвоена во четвртокот со 513 гласа „за“, 22 против и 19 воздржани, пратениците повикаа на дополнителни санкции, вклучително и „итно целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас“.
Парламентот ја изразува својата огорченост поради регистрираните злосторства на руските вооружени сили и бара сторителите на воените злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата, додадoa оттаму, нагласувајќи ги следните три точки:
– повик за формирање на специјален суд на ОН за воени злосторства во Украина
– да се засилат испораките на оружје за да и се овозможи на Украина да се брани
– за употреба на оружје за масовно уништување Русија би се соочила со најсериозни последици
Тие, исто така, ги повикаа лидерите на ЕУ да ја исклучат Русија од Г20 и другите мултилатерални организации, како што се УНХРЦ, Интерпол, Светската трговска организација, УНЕСКО и други; со исклучување на руските банки од системот SWIFT, забрана за сите бродови поврзани со Русија да влезат во територијалните води на ЕУ и да се приклучуваат во пристаништата на ЕУ, како и забрана за патен транспорт од Русија и Белорусија.