Европската комисија смета дека ситуацијата на северот на Косово е сè уште многу кревка, изјави денес Набила Масрали, портпаролка за надворешна политика на ЕУ и додаде дека ЕУ одигра активна улога во последните настани во координација со САД и КФОР.
Таа повтори дека ЕК ја поздравува деескалацијата во Косово и отстранувањето на барикадите што ги поставија Србите на север, барајќи ослободување на незаконски уапсените сонародници.
„Ситуацијата е навистина кревка и повикуваме на воздржаност од двете страни за ситуацијата да остане мирна и да се избегнат сите дејствија кои би имале потенцијал да се вратат на насилство и ескалација“, рече таа и додаде дека ЕУЛЕКС ќе продолжи да ја следи ситуацијата во Косово.