Под мотото „Тстирај.Лекувај.Превенирај“, од денес до 27. ноември ќе се оддржи Европската недела за тистирање за ХИВ.
Хера е здружението кое веќе седма година го одбележува овој настан, заедно со уште 53 европски земји. Целта на оваа недела и нејзиното одбележување е да се биде свесен и да се има пристап до ХИВ тестовите, велат од Хера.
„На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат терапија, грижа и поддршка“, велат од здружението.
Имено, оваа година е фокусирана исто на помалку познат факт за ХИВ кај нас, односно Н=Н или (недетектабилно е еднакво на непреносливо).
„Тоа значи дека луѓето кои живеат со ХИВ и редовно примаат терапија, имаат недетектабилно ниво на вирусот во крвта. Односно, дека вирусот во крвта се намалил до степен што не може да се детектира, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и кога не се користи заштита (кондом). Така, самата терапија за ХИВ, всушност, претставува еден од најефективните начини на превенција на ХИВ“, посочуваат од ХЕРА.
Ова е главната порака која кружи низ социјалните мрежи и подготвените видеа за кампањата.