Европска земја издава потврди за вакцинација, важат само за кај нив

од Nikola Popovski
255 прегледи

Исланд започна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им го олесни патувањето на оние кои се заштитиле од Ковид-19. Околу 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле две дози вакцина против Ковид-19 и добиле потврда за вакцинација.

Целта, објаснија тамошните власти, е повторно да се овозможи циркулација на населението меѓу државите, иако исландскиот сертификат во моментов важи само за таа островска држава.

Исланд планира да ги прими граѓаните на ЕУ кои ќе иницираат таков механизам или ќе го преземат механизмот воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).

Исланд не е дел од ЕУ, но е во Шенген зоната на слобода на движење, што е ограничено со мерките за борба против коронавирусот.

Дискусија за т.н. ковид- пасоши што го олеснуваат патувањето во моментов се предмет на дебата во ЕУ, но земјите-членки се далеку од консензус.

Земјите како Грција заговараат такво решение со цел да се спаси туристичкиот сектор, но Франција и Германија сметаат дека дискусијата на таа тема е предвремена.

Слични содржини