Европската комисија ја казни Meta со речиси 800 милиони евра

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Европската комисија ги казни Meta Platforms со речиси 800 милиони евра за злоупотреби поврзани со услугите на Marketplace и задушување на конкуренцијата. Компанијата на Марк Закерберг ќе поднесе жалба на одлуката.

„Европската комисија ја казни Meta за прекршување на антимонополските правила на ЕУ со поврзување на неговата онлајн-рекламна услуга, Facebook Marketplace со нејзината социјална мрежа, Facebook и поставување нефер услови за тргување за други даватели на услуги за онлајн рекламирање“, соопшти Европската комисија.

Шефот за конкуренција на ЕУ, Маргрете Вестагер, рече дека Meta „го направила ова во корист на својата услуга Facebook Marketplace, добивајќи предност што другите даватели на услуги не можеа да ја постигнат. Тоа е нелегално“.

Со користење на податоците што ги собира на мрежата Facebook за персонализирање на рекламите на Marketplace, Meta „постави нефер услови за тргување“.

Facebook Marketplace, кој започна со работа во 2016 година, е платформа за купување и продавање користени предмети.

Meta најави дека ќе се жали на казната во износ од 797,72 милиони евра, објави „Фајненшл тајмс“.

„Го изградивме Marketplace како одговор на побарувачката на потрошувачите – оваа одлука не ја зема предвид пазарната реалност и ќе служи само за заштита на воспоставените пазари од конкуренција“, изјавија од компанијата.

Тие изјавија и дека „одлуката на Европската комисија не содржи никакви докази за штета на конкуренцијата или на потрошувачите“.

Истрагата на ЕУ за Meta започна во 2019 година, откако конкурентите го обвинија технолошкиот гигант за злоупотреба на својата доминантна позиција користејќи податоци собрани преку неговите бесплатни услуги.

Meta тврди дека работи во високо конкурентна средина и ги наведува платформите како eBay, Leboncoin во Франција и Marktplaats во Холандија како „силни конкуренти“.

Со текот на годините, Брисел започна неколку антимонополски истраги против технолошките гиганти и донесе закон за дигитален пазар чија цел е да ја забави доминацијата на технолошките компании и да ја зајакне локалната технолошка индустрија.

Слични содржини