Претставници на Европската комисија (ЕК) им предложија на заменик-министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на состанок зад затворени врати во Брисел во четврток идејата милијарди евра замрзнати руски средства да бидат испратени во Украина со замена на парите за краткорочни обврзници гарантирани од сите земји-членки на ЕУ, објави денес Политико, повикувајќи се на четири неименувани европски претставници.
Според порталот, предлогот наишол на умерено одобрување, но не се постигнати договори за него.
Неименуван функционер изјави дека наскоро би можел да пристигне официјален предлог за ова.