225
Европската Комисија ги предлага пакетите на санкции по претходна консултација со сите чинители во ЕУ за да обезбеди едногласност при усвојувањето на пакетот од страна на земјите членки. Извршната власт на ЕУ уверува дека ќе преземе “ефикасни санкции во најкус можен рок и со единство помеѓу земјите членки.“
-Не можеме однапред да дадеме детали за роковите и содржината, затоа што доверливоста е многу важна работа во дебатите помеѓу земјите членки, не можам да дадам содржински елементи, но решени сме да одиме напред со нов бран санкции против Русија, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.
Инаку како што потврдува Европската Комисија се работи на шест санкции против Русија, но за сега Германија кочи во драстичните мерки.