Европската унија има намера да ги засили санкциите против Белорусија откако властите на земјата го принудија авионот на „Рајанер“ да слета и уапсија опозициски активист и неговиот и неговата партнерка, рече хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман во четвртокот по состанокот со колегите од ЕУ во Лисабон, пренесува „Алџезира Балканс“.
„Се согласивме да ја забрзаме работата на санкциите. Четвртиот пакет во рамките на постојниот режим на санкции се подготвува “, рече Грлиќ Радман за Хина.
ЕУ има намера да состави дополнителен список на лица и субјекти под санкции, а според хрватскиот министер за надворешни работи, исто така, разгледува и нови мерки „кои допрва ќе се разработуваат и кои ќе траат некое време“. Тој не открил повеќе детали.