Европската унија воведе економски санкции за Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Европската унија денес воведе економски санкции за Белорусија како одговор на она што ЕУ го нарече „ескалација на сериозни повреди на човековите права“, вклучително и притвор за новинарот Роман Проташевиќ, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на АП.

Санкциите се насочени кон економијата, но исто така имаат за цел да извршат притисок врз белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговите соработници.

Санкциите ги погодија одредени индустрии, како што е производството на калиум, како и извозот на тутунската индустрија и нафтените деривати.

„Трговијата со нафтени производи, калиум хлорид и суровини што се користат за производство на производи од тутун е ограничена“, се вели во денешното соопштение на ЕУ.

Слични содржини