Европски сателит тежок 1.360 килограми паѓа на Земјата, а се очекува вечерва да заврши во Атлантскиот Океан

од Vladimir Zorba

Сателитот „Еол“ на Европската вселенска агенција (ЕSА) вечерва ќе падне на земјата, доколку се оди според планот. Кампањата за спуштање на сателитот на земјата трае цели пет дена, пишува Space.com.

– Она што го правиме е навистина уникатно. Нема слични примери во историјата на вселенските летови. Ова е прв пат потпомогнатото враќање на планетата да се прави на овој начин – рече Холгер Краг, шеф на Канцеларијата за вселенски отпад на ЕSА, на конференцијата пред почетокот на мисијата.

„Еол“, кој беше наречен и „невозможен сателит“, тежи 1.360 килограми, а беше лансиран во август 2018 година за да ги следи ветровите на Земјата, што дотогаш не беше направено од орбитата. Леталото им помогна на истражувачите да ги подобрат климатските модели и временската прогноза. Оперираше речиси 4,5 години, што е 18 месеци подолго од очекуваното. Меѓутоа, со текот на времето остана без гориво, но наместо да го остави „Еолус“ хаотично да падне на Земјата, како што е вообичаено за сателитите кога нивните мисии ќе завршат, ЕSА одлучи да преземе поактивна улога на есен. Тие смислија петдневен план за да се осигураат дека Еол ќе изгори на празен дел од Атлантскиот океан без да претставува никаква закана за луѓето или зградите на земјата.

Сателитот не е дизајниран за контролирано враќање на Земјата и во нормални околности би паѓал само неколку месеци. Сепак, ЕSА одлучи да го направи тоа поинаку.

– Последните команди се испратени до сателитот, што е последен пат кога ќе слушне глас од контролната соба на ЕSА, што е последно збогум – објавено е на блогот на ЕSА, каде во живо се следеше падот на сателитот.

„Еол“ го добил името по грчкиот бог на ветровите токму затоа што ги следел ветровите. Членовите на ЕSА веќе одобрија буџет од 413 милиони евра за почеток на развојот на вселенското летало „Еол-2“.

Слични содржини