Европски суд за човекови права: Русија да ѝ исплати на Грузија над 250 милиони евра

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес ѝ наложи на Русија да ѝ исплати на Грузија повеќе од 253 милиони евра за спречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кои Москва ги призна како независни по војната против Тбилиси во 2008 година.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фото: Х/Принтскрин

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес ѝ наложи на Русија да ѝ исплати на Грузија повеќе од 253 милиони евра за спречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кои Москва ги призна како независни по војната против Тбилиси во 2008 година.

Судот во Стразбур утврди дека Русија извршила низа кршења на правата, вклучувајќи прекумерна употреба на сила, нечовечки третман, незаконско притворање и неоправдани ограничувања на движењето преку административната линија помеѓу териториите контролирани од Грузија и проруските сепаратистички региони, пишува Euractiv.

Самопрогласените Абхазија и Јужна Осетија не се под контрола на грузиските власти, но се под руско влијание.

Русија се повлече од Европскиот суд за човекови права во 2022 година, по инвазијата на Украина, но судот изјави дека Москва останува одговорна за сите кршења на човековите права извршени пред тој датум.