“Исламска држава” ја смени стратегијата и од изградбата на калифат се насочува кон удари против коалицијата. “Ова го изјави главниот координатор за борба против тероризмот на ЕУ Жил Керхоф пред Комисијата за внатрешни работи на Европскиот парламент во Брисел.
Нападите во Анкара и Париз, како и соборувањето на рускиот патнички авион во Египет биле манифестации на оваа нова стратегија.
“Исламска држава” бара видливи победи за да привлекува приврзаници и средства “, додаде европскиот антитерорист №1.
Тој предупреди дека е опасно да се прави врска помеѓу бегалскиот бран кон Европа и терористите и посочи дека двете најважни задачи пред ЕУ сега се безбедноста на граѓаните и зачувувањето на слободата на движење и Шенген.
Русија провоцира судир со Јапонија: На Курилските острови ќе гради две воени бази со 392 објекти
Керхоф ги повика европратениците да помислат како ЕУ може да помогне на муслиманите за да се справи со радикализацијата на европски граѓани. “Во Европа живеат 20 милиони муслимани и ние треба да им помогнеме да формираат ислам – отворен, мирен и споделување на нашите вредности”, изјави тој во Европарламентот во Брисел. Една можност тоа да се случи според него се европските фондови.
Координаторот за борба против тероризмот, рече дека ЕУ има доволно алатки да се соберат информации за потенцијални терористи и погоди, но дека не ги користат ефикасно. Во Шенгенскиот информациски систем (SIS) се водела точна статистика за украдени автомобили и казнети џихадисти, но немало свежи податоци за движењето на радикализирани граѓани кои би дозволиле да се следат нивните пораки и телефонски разговори. Едвај 5 Шенген држави ги ажурирале во реално време информациите кои доаѓаат во СИС.
ЕУ има уште бази на податоци во Интерпол и Европол, како и во ПРЈУМ каде се собираат ДНК, отпечатоци на терористи, како и регистарските броеви на користени од нив автомобили. Овие системи сепак уште не се користат доволно, рече антитерористот №1. Министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе разговараат за проблемот во четвртокот во Брисел.
Утре пак Европската комисија ќе предложи воведување на нови услови за трговија со оружје, вклучувајќи за антиквитетите и ловното. Земјите-членки на ЕУ ќе бидат обврзани да избираат меѓу претходна лиценцирање и регистарски режим за сите ловечки оружја, а ќе биде затегнат и процесот за купување . Особено ќе биде забранета трговијата на интернет, а за исклучоците – купувачот ќе се јавува на одредено место за да го добие купеното и да биде регистриран и проверен од властите. Истиот режим ќе биде воведен и за колекционерите и сопствениците на антикварно оружје.
По париските напади ЕУ ќе додаде и листата на прекурзори, од кои се прават експлозиви, а во нив ќе бидат вклучени некои супстанции кои се користат во хортикултурата и козметиката. Ќе се предложи криминализација на пасивното учење, патувањето со терористички цели, како и финансирањето на ваквите движења, за да се гонат “домашните” радикали на пат кон Сирија. ЕУ ќе го промени и системот за информации за издавање на кривични пресуди, која ќе ги вклучи и лицата кои немаат европско граѓанство.
