Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Европскиот парламент денеска ги усвои барањата за Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP29 да дефинира нова заедничка цел за финансирање акции за борба против климатските промени.

За резолуцијата што ја подготви Комисијата за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна гласаа 429 пратеници, против беа 183, а воздржани 24.

Резолуцијата ги повикува сите земји да постигнат договор за нова колективна цел за финансирање на климатските акции по 2025 година, која ќе биде усогласена со принципот „загадувачот плаќа“ и ќе се заснова на различни јавни, приватни и иновативни извори на финансирање.

Слични содржини