Европскиот парламент изгласа доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако пратениците отфрлија два предлога за недоверба поднесени од крајно десничарските и левичарските групи, објави Ројтерс.
На првото гласање, 378 од 720 пратеници гласаа за фон дер Лајен и нејзиниот тим комесари, додека на второто, тој број се искачи на 383.
Резултатите беа подобри отколку во јули, кога 360 пратеници гласаа против сличен предлог, иако беа малку послаби од 401 глас за поддршка што фон дер Лајен ги доби за нејзиниот реизбор во јули 2024 година, објави Ројтерс.