Европскиот совет, извршното тело на Европската унија, на вонредниот дводневен самит во Брисел го осуди неодамнешниот напад на Иран врз Израел, најавувајќи дополнителни санкции против Техеран и ја нагласи потребата да се забрза и интензивира потребната воена помош за Украина. .
Во усвоените заклучоци за Украина, Блискиот Исток и Турција, Европскиот совет го осуди неодамнешниот напад на Иран врз Израел, нагласувајќи ја поддршката за безбедноста на Израел и најави дополнителни санкции против Иран, особено во однос на беспилотните летала и ракетите.
„Европскиот совет го повикува Иран и неговите сојузници да престанат со сите напади и ги повикува сите страни да покажат екстремна воздржаност и да избегнуваат какви било дејства што би ги зголемиле тензиите“, се вели во соопштението.