Европскиот воз стигна на Железничката станица во Скопје (ФОТО)

од Берта Китинска
434 прегледи

Под мотото „Иднината е во железницата“, вчера во 22 часот на Железничката станица во Скопје пристигна Европскиот воз.

Тој беше пречекан од дипломати предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир и политичари. Официјален домаќин на настанот е директорот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец.

-Благодарност до ЕУ што ја вклучи Северна Македонија во оваа иницијатива. Европскиот воз е доказ за пријателството и соработката со ЕУ. Верувам дека овој воз симболично ќе придонесе за поголемо поврзување на земјите од овој регион со останатиот дел од Европа, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Возот ќе преноќи во Скопје и денеска ќе го продолжува своето патување кон Атина.

„Connecting Europe Express“ го започна своето патување од Лисабон на 2 септември, a крајната дестинација е Париз каде треба да го заокружи своето патување на 7 октомври.