Европските акции пораснаа денеска, а банките го зголемија профитот откако Европската централна банка ја засили борбата против инфлацијата со подигање на референтната стапка, додека повисоките цени на металите ги поддржаа акциите во рударскиот сектор.
Паневропскиот индекс STOXX 600 порасна за 0,6 отсто до 07:18 часот по Гринич, при што банките забележаа раст за 1,3 отсто, пренесе Ројтерс.
Компаниите од рударскиот сектор имаа раст од речиси три проценти.
Во четвртокот ЕЦБ го донесе најголемото зголемување на каматната стапка од 75 базични поени (0,75 отсто) до сега, што е најјасен сигнал досега дека не отстапува пред зголемената инфлација.
Инвеститорите со нетрпение ја очекуваат денешната средба на министрите за енергетика на земјите од ЕУ, на која ќе се бараат решенија за заштита на граѓаните од многу високите цени на енергијата пред зимата.